Три фирми што тргуваат со електрична енергија ќе треба да платат 1,8 милион евра за затаен царински долг, за што се донесени решенија од страна на Царинската управа, а поднесени се и кривични пријави за дело царинска измама. Царината не наведува за кои фирми се работи, но посочува дека неправилностите се однесуваат на периодот 2010-2012 година, за кој споредбите за количините на оцаринетата електрична енергија со оние за увезена, извезена и транзитирана електрична енергија кај трите фирми покажале големи неправилности. Во првиот случај е констатирано дека за потребите на трговско друштво од Скопје преку електропреносниот систем биле испорачани вкупно 154.790 MWh електрична енергија, при што дел од неа била бесправно отстранета од царински надзор без да бидат платени царински давачки во износ од 1,1 милион евра, односно електричната енергија набавена од набавувач од странство пријавеното правно лице им ја продало на купувачи од Македонија, без да ги плати давачките пропишани со закон.
Три фирми што тргуваат со електрична енергија ќе треба да платат 1,8 милион евра за затаен царински долг, за што се донесени решенија од страна на Царинската управа, а поднесени се и кривични пријави за дело царинска измама.
Царината не наведува за кои фирми се работи, но посочува дека неправилностите се однесуваат на периодот 2010-2012 година, за кој споредбите за количините на оцаринетата електрична енергија со оние за увезена, извезена и транзитирана електрична енергија кај трите фирми покажале големи неправилности.
Во првиот случај е констатирано дека за потребите на трговско друштво од Скопје преку електропреносниот систем биле испорачани вкупно 154.790 MWh електрична енергија, при што дел од неа била бесправно отстранета од царински надзор без да бидат платени царински давачки во износ од 1,1 милион евра, односно електричната енергија набавена од набавувач од странство пријавеното правно лице им ја продало на купувачи од Македонија, без да ги плати давачките пропишани со закон. Вкупните утврдени неплатени царински давачки изнесуваат 1,3 милион евра. При контролата биле пронајдени и анекси кон генералниот договор за купопродажба на електрична енергија каде што единечната цена за мегават-час по која била купена струјата била значително повисока од единечната цена по која истата била декларирана за пуштање во слободен промет. На тој начин е избегнато плаќање на царински давачки во висина од 127.000 евра.
Во вториот случај е констатирано дека трговско друштво од Скопје избегнало плаќање на царински давачки од околу 490.000 евра, за што се донесени две решенија за дополнителна наплата на царински долг. И овде е утврдено дека дел од увезената струја бил бесправно отстранет од царински надзор без да бидат платени царинските давачки, односно електричната енергија набавена од набавувач од странство пријавеното правно лице им ја продало на купувачи од Македонија без да ги плати давачките пропишани со закон.
Во третиот случај донесени се решенија за дополнителна наплата на царински долг во износ од 57.000 евра, за електрична енергија за која не се поднесени царински декларации за пуштање во слободен промет и не се платени давачките, а со дополнителна контрола е утврдено дека стоката е пуштена во слободен промет.
Од Царината информираат дека е во тек изготвување на решенија за дополнителна наплата на царински долг и за друго трговско друштво-трговец со електрична енергија кај кое се откриени направилности.